Skip to main content

Пријави за загадувачите на езерото

Со несовесните  загадувачи на езерото се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero

Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата.
kajcinaДржавниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло од ресторанските кујни кое завршувало во езерските води.  
Казните, сепак стигнале до несовесните луѓе, хотелите, рестораните, стопанските објекти кои   заборавиле дека Охридското езеро е споменик на природата. Државнот инспектор изрекол 4 платни налози за сторен прекршок, поднесол 2 прекршочни пријави, и 4 кривични пријави до Основното Јавно Обвинителство. Глобите за неосвесните прекршители на законот за животна средина се високи, дури 6000 евра е висината на казната за правните лица , додека за поединци е вртоглави 800 евра. Државниот инспектор нагласуава дека од година в година  совеста кај луѓето за заштита на  езерото е во подем.
Сепак, за комплетна заштита  на Охридското езеро треба да се доработат  уште многу сегменти.
Недостасуваат доизградба на колекторски систем околу целото езеро, проблем и понатка се  загадените речни води во сливното подрчје, како  и употребата на пречистителните станици кои не би трбало да се лукзус. Во знак на прашање е и имплементирањето на законот за вода и забраната за пловидба на мотори со внатрешно согорување.

{loadposition content9}