Skip to main content

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Се повикуваат земјоделците од Општина Дебрца, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца.

 |   | 

Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист).