Skip to main content

Општина дебрца

Пријавување штети на земјоделски насади

Општина Дебрца објави Јавен повик за пријавување штети на земјоделските производи од невремето на 28-ми мај.
 |  инфодеск  | 
Земјоделски насади

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден: 28 мај 2022 година да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копија од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копие од имотен лист; или копие од договор за закуп ).

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 15.06.2022 година.

За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.

Потребните документи:

  1. Изјава
  2. Пријава