Здружениетo на граѓани СВЕТИ ВАСИЛИЈ од село Куратица во рамки на проектот “Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион” организира тродневна обука за: Подобрување на знаењата и вештините кај младите за развој на рурален туризам.
Првата обука ќе се реализира во петок на 24. Ноември 2023 година во етно ресторанот “Дедо Димо” во селото Куратица. Почеток во 10:30 часот.
„За учесниците е обезбедено предавање на темата од стручен обучувач, освежување, кафе паузи и ручек. Ве покануваме да бидете учесник во оваа креативна активност каде ќе се здобиете со исклучително корисни информации и вештини за личен развој и развој на нашите селски средини. “– велат од Здружението Свети Василиј.
Тридневната работилница опфаќа обука за изработка на CBOT анализа на ресурсите на природно и културно наследство, човечкиот и социјален потенцијал – јаките и слаби страни и можностите за развој на одржлив туризам во проектното подрачје, идентификација и мапирање на атракциите, локалитетите, уникатностите во проектниот регион.
Бројот на учесници е ограничен, заинтересираните да го најават своето присуство најдоцна до 19 часот во четврток (23. 11. 2023 ) на телефонскиот број: 075 657 999.
Проектот “Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион” е финансиран од ЕУ.