На 23.07.2022 во 20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(35) од Прилеп.
Тој околу 19:30 часот во близина на плажа на охридското крајбрежје физички го нападнал Н.М.(40) од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.