На 16.01.2023 година во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп.
При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.