Skip to main content

ТППЕ Охрид

Припадници на ТППЕ Охрид дел од Републичкиот тим за брз одговор и спасување од урнатини

Тимовите за брз одговор од противпожарните единици се дел од високо обучен тим за заштита и спасување на ДЗС кој може да одговори на голем број предизвици во случај на несреќи и елементарни непогоди.
 |  инфодеск  | 

Припадници на Територијалната професионална противпожарна единица Охрид, ќе бидат дел од Републичкиот тим за брз одговор за заштита и спасување од урнатини.

Toa e нешто за кое ние како единица се залагавме изминатите години, Напишаа во објавата на Фејсбук од ТППЕ Охрид.

Тимовите за брз одговор од противпожарните единици се дел од високо обучен тим за заштита и спасување на ДЗС кој може да одговори на голем број предизвици во случај на несреќи и елементарни непогоди.