Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани
Влашкиот јазик да се пренесува на децата уште во домот и да се учи факултативно во училиштата. Сеуште е мал бројот на граѓаните кои имаат влашко потекло и се декларираат по националност како Власи. Нивните барања доаѓаат во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите.
Националната заедница на Власите бараа промена на досегашниот назив во Армани. Јордан Трца од Здружението Луњина ја појаснува причината на припадниците од влашкото друштво за ова нивно барање во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите , кој се одбележува утре.
„Официјалниот назив на националниот ден на Власите е содржан во преамбулата на Уставот, влашки народ но тоа е грешка и навредливо за нас. Врзано е со занимањето на Власите. Ние се викаме Армани. Арман, во еднина значи останат, а во множина Армани, луѓе кои останале. Со називот во Македонија кој не викаат произлегува од поранешното занимање со сточарство“.
Власите измената на називот го бараат подолго време, вели Трца , но тоа многу тешко ќе се случи. Свесни сме дека тоа се должи на многу малиот број граѓани кои се декларираат како Власи, вели Трца. Други причини лежат и во минимизирање на историјата, културата и традицијата од страна на институциите кон Власите, кои како што вели Трца, се едни од најстарите националности на овие простори, но грешката е и во самите припадници кои избегнуваат да се декларираат како Власи.
„Не се декларираат мешани се браковите, не го знаат јазикот,децата не го научиле.Има изборен предмет во училишата , но педагозите и учителите не сакаат да се реализира. Тешко е. Ние сме малку и сме мешани , децата не го зборуваат јазикот“.
Исто така, покрај заложбите во училиштата да се изучува влашкиот јазик тие бараат да има и богослужба на нивниот јазик во црквите во Долна и Горна Влашка маала.
На последниот попис во 2002 година, во Охрид , како Власи се декларирале 323 граѓани.Нивнот број е многу поголем бидејќи има над 350 влашки куќи, но и во 60-тете години во Охрид има многу влашки досленици од струшките села Горна и Долна Белица, но и од Струга, посочува Јордан Трца од охридското друштво Луњина.