Skip to main content

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Започнува да се отплеткува клопчето за малото пристаниште наспроти хотелот Палас.

 |  Маленкова Татјана  | 
pristaniste
прстаниште

Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба.

ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното.

Спироски вели дека за сите активности кои биле договорени во министерството за транспорт и врски била pristanisteизвестена тогашната локална самоуправа. „Се беше транспарентно направено и процесот во тој дел започна, со тоа што ние го изготвивме проектот  за мостот кој беше подобрен, ревидиран и верификуван од фирмата „Импума“, вели Спироски.  Тој додава дека по добивањето на одобрението Трудбеник веднаш започнал кон реализација на проектот, но за жал од договореното се остварил сосема мал дел.

„Ние во овој дел имаме многу лошо искуство како фирма, се сметаме оштетени вработените нормално, зошто мостот го правевме во 2002 год.  Бевме внесени во работа се употребивме таму го изградивме и ги поминавме сите регуларни постапки што требаше да одат, но во однос на плаќањето, тогаш настана и промена на власт, малку имаше и политика, а не општиот интерес и моравме со судски пат да го оствариме она што што го направивме. Требаше да земеме по градежна пресметка околу 200 000 евра, а ние за жал после неколку години  и тоа со одлука на врховен суд едвај зедовме 100 000 евра, истакна сопственикот на ГП Трудбеник, Ацо Спироски.

pristaniste„Мостот на птиците“, е долг 100 метри. Спироски вели дека при изградбата најголем проблем не бил габаритот, туку статиката, затоа што истиот се гради во вода и на муљевито тло.       
Спироски тврди дека мостот што го направиле ги има сите потребни инсталации и дека доколку се добијат средства многу лесно може да се продолжи со доизградба на проектот.

„Нема никаков проблем и делот што не е направен да се дореализира и онака како што имаме убава планска документација таму некои содржини кои се внесени на островото убаво да се направат, а не чинат многу пари. Овој простор со мали средства, а мене можеби 300 000 , 400 000 евра би ја завршиле целата работа. Но ако тоа добро се искоординира и се образложи пред владата, мислам дека координацијата градоначалник влада е добра траба да ја искористиме и вољата на владата, затоа што Охрид беше напуштен досега да искористиме и во овој дел да помогни“, вели Спироски.

Констатација на сите е дека овој простор е премногу централен и не залужува ваков однос. Охриѓани и сега со воодушевување раскажуваат за мостот и плажата од хотелот Палас и бараат да се реновира она што е останато.

Инаку според проектот на ГП Трудбеник овој потег е замислен како пешачка зона, со канделабри, два споменици од кои еден со верски симбол и клупи. Овој простор треба да биде и прифатлиште на пловни објекти.

Дали и колку од сето ова ќе се реализира и дали локалната ќе покаже интерес за обновување на проектот ќе покаже времето.

{loadposition content9}