Пристигнаа првите израелски туристи во Охрид
Првата група израелски туристи синоќа слетаа на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“. Израелските гости оваа сезона ќе летуваат на охридската ревиера и според очекувањата до 23 октомври годинава треба да пристигнат околу 5000 израелци.
Пристигна првата група туристи од Израел. 110 те туристи кои од Тел Авив пристигнаа вчера со чартер-летот на израелската авиокомпанија „Аркиа“, беа дочекани со традиционалната македонска закуска, искршено лепче, а топло добредојде им посака првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот истакна дека ова значе почеток на нова ера на привлекување на гости и пријатели од Израел во Охрид.
„Се надевам дека со воспоставување на овие чартер летови три пати неделно, ќе имаме можност да нашите другари од оваа пријателска држава ги гледаме на охридското крајбрежје ова година со тоа уште еднаш се потврди определбата на Локалната самоуправа од Охрид за воспоставување на нови летови на охридскиот аеродром кој што ќе дадат нов импулс во развојот на туризмот и кои што ќе претставувааат еден континуитет на сето она што ние заеднички го правевме овие три години“ – вели Бакрачески.
Благодарност до сите учесници на овој проект изрази генералниот директор на ТАВ во Македонија Зоран Крстевски. Како што истакна Крстевски со пристигнувањето на првиот авион од „Аркиа“, Охрид отвара нов коридор меѓу Израел и Македонија, можност туристите од Израел да се запознаат со природните убавини на Охридскот Езеро како и културните знаменитости на Охрид честопати нарекуван македонски и балкански Ерусалим .
„Ние сме пресреќни со ова ја дополнуваме туристичката сезона во Охрид, со претходните летови кои ги имаме од Амстердам, како и нашите три лета Лутон, Базел и Цирих. За неколку дена ќе имаме можност да го промовираме и летот за Белград кои исто така ќе биде оваа сезона три пати неделно, очекуваме и некои други чартер летови да се појават на линијата со Охрид“ – истакна Крстевски.
Потпретседателот за продажба и маркетинг на „Аркиа“, Анат Ахаром, нагласи дека како втора најголема авиокомпанија и еден од главните тур оператори во државата, секогаш се во потрага по нови дестинации за израелскиот пазар.
„Ние веруваме дека Македонија со цело богатство, природа, историја, гастрономија и прекрасните луѓе наскоро ќе биде една од преферираните туристички дестинации за израелците“.
Повеќето од Израелските туристи за прв пат доаѓаат во нашата земја и прекрасниот Охрид. Она што слушнале за нашиот град е прекрасното езеро, гостопримството на нашиот народ и очекуваат наредниве четири дена колку што трае нивниот престој во тоа да се уверат.
-Прв пат сум овде. Сакам да го видам езерото а потоа и главниот град Скопје. Заинтересирани сме да дознаеме повеќе за историјата, културата. Сме слушале за гостопримството и убавата храна. Сигурна сум дека ќе посакаме да дојдеме повторно.
-Прв пат сме овде. Сме читале за вашата земја. Дека е многу убава дека имате прекрасно езеро заштитено од унеско. Сакаме да ги видиме селата во околината, градот, црквите, рестораните, се.
-Планираме да изнајмиме рентакар и да возиме покрај езерото. Го видовме од авион, бевме воодушевени од глетката. Прекрасна природа се е зелено. Со нетрпении очекуваме да ја запознаеме вашата преубава земја – изјавија израелските гости.
Инаку „Аркиа“, започнувајќи од 9 ти јуни па се до 23 октомври ќе лета три пати неделно секолј вторник, четврток и недела на релација Тел Авив – Охрид и обратно. Според првичните проценки се смета дека со реализирани 50 сетина чартер летови, нашиот град ќе го посетат 5 000 изралески туристи.