Притвор од осум дена за државјанин на Египет осомничен за кражба во хостел во Охрид
По изведувањето пред судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, на осомничениот му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен државјанин на Египет, осомничен за сторено кривично дело „Кражба“.
Според информациите од полицијата, на 26 октомври 2026 година, во хостел во Охрид каде што престојувал, осомничениот одзел мобилен телефон и пари од други гости, по што го напуштил местото.
По преземените мерки, истиот ден околу 14 часот, на автопатот Тетово – Скопје, бил лишен од слобода од полициски службеници на СВР Охрид, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство, како и од СВР Тетово.
По изведувањето пред судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, на осомничениот му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.



