Skip to main content

СВР Охрид

Притвор за едно од лицата кои се сомничат дека го предизвикале пожарот во кафе бар во Охрид

Лицето е префрлено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира портпаролотна СВР Охрид, Стефан Димоски.
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

-На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот  „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира портпаролотна СВР Охрид, Стефан Димоски.