Притвор за србите осомничени за смртта на Димитар
Триесетдневен притвор и кривични пријави за тројцата српски државјани кои учествуваа во новогодишниот инцидент, во кој загина 26 годишниот Димитар.М од Охрид.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.У. (29) од Краљево, Република Србија.
Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и М.П.(26 ) и Ѓ.П.(25 ) исто така од Краљево,
Република Србија. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.