Skip to main content

Приватните станоиздавачи побараа промена на законoт и можност легално да работат

Приватните станоиздавачи побараа  промена на законoт и можност легално да работат.

 |  Валентина Неловска  | 
stanoizdavaci

 Над 420 приватни станоиздавачи во Охрид  чекаат Тлер да им издаде нови решенија за категоризација на капацитети во колективните станбени згради.  Денес Тлер организираше јавна расправа со засегнатите станоиздавачи за да ги чуе нивните барања со цел решавање на настанатиот проблем. На расправата присуствуваа претставници од министерството за  економија, од Пазарниот инспекторат, Хотам, советници. Во моментов од секторот за туризам и локален економски развој не може да издаваат  нови решенија или да ги продолжуваат на станоиздавачите кои издаваат станови во колективните станбени згради.


rasprava„ Со оваа јавна расправа треба да се најде прифатливо  решение, да се почитува законот овој сега или со евентуалните измени и да се избегне појавата на нелегално работење т.н. сива економија“, напоменува раководителот на Тлер Ѓоко Апостолов.
Приватните  станоиздавачи бараат бараат да се промени спорниот член 46  од Законот за туристичка дејност кој во момнтов ги попречува легално да работат.


„Издавањето апартмани во куќи и приватни станови мора да се регулира, а не да се забрани. Со поддршка на Тлер ако некој мисли дека некоја давачка е занемарена може да се воведе паушално оданочување на станоиздавачите со што сите страни ќе се задоволни,“ порачува еден од охридските приватни станоиздавачи.

raspravaПоддршка за итна измена на законските одредби од Законот за угостителска дејност побара и незвисниот советник Павел Попоски. Попоски повика охридските пратеници со забрзана  постапка да издејствуваат измени на Законот во Парламентот.  

„ Треба да се најде начин како секој да си ја плаќа обврската. Секој кој се занимава со ваква дејност да се стимулира да си ја плаќа давачката и тоа треба да ја интересира државата, а не држават да ја интерсира дали под еден покрив може да се издава едно или 20 легла и не може повеќе“, дециден  е охридскиот советник Попоски.  

Денешните заклучоци од јавната расправа  на приватните станоиздавачи, Тлер и надлежните  институции ќе бидат доставени до министерството за економија сектор за туризам. Се очекува до почетокот на новата туристичка сезона да се најде решение за проблемот од кој се засегнати голем број станоиздавачи. Во Охрид има 2000 приватни станоиздавачи од мал обем, од кои  429 од летоска  чекаат нови и продолжување на решенија за  категоризација на леглата.