Пронајдена и одземена марихуана
Приведен 33-годишен охриѓанец
Од МВР информираат дека е приведен 33-годишен охриѓанец, откако полицијата кај него пронашла и одзела марихуана.
На 13.01.2023 во 12.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 33 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


