Skip to main content

Пронајдена дрога

Приведен дилер на ул. Васил Стефоски

Охриѓанец фатен со 15 пакувања кафеава прашкаста материја. Дополнително во неговиот дом, полицијата пронајде уште 20 пакувања со кокаин.
 |  инфодеск  | 
Приведен дилер

Денеска (07.10.2022) во 17:00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(30) од Охрид.

При преглед извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 15 пакувања со кафеава прашкаста материја. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, дополнително се пронајдени и одземени 20 пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.