Skip to main content

Пронајдена дрога

Приведен дилер од Охрид

Приведен дилер во Охрид кај кого во неговиот дом полицијата пронајде две кеси со марихуана, кеса со кафеава грутчеста материја и таблети.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 29.09.2022 во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода С.П.(41) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се две кеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблети. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.