На 03.11.2023 во 19.35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид.
„По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.
Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР Охрид.