На 11.09.2022 во 19:15 часот во Св. Наум-Охрид, на регионалниот пат кај место викано „33 Горица”, поради илегално преминување на државната граница, полициски службеници приведоа државјанин на Тунис.
Тој немал документ за идентификација, а се претставил како Т.С.(49). Задржан е во полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум” и ќе биде спроведен до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.