Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Приведен државјанин на Украина во Охрид

42-годишен државјанин на Украина го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени и гостите во хотел на Кеј Македонија.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 05.07.2022 година во 1 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина.

Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир – информираат од СВР Охрид.