Skip to main content

Приведен охриѓанец кој пуштал гласна музика, бил агресивен кон полицијата и имал 1,78 промили алкохол

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 19 јули 2026 година, околу 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 30-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом го нарушувал јавниот ред и мир со гласна музика.

При интервенцијата, лицето се однесувало агресивно и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

При извршената контрола било утврдено дека тој имал 1,78 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.