На 31.07.2023 во 02.00 часот пред угостителски објект на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 25 годишен жител на Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат”, информираат од СВР Охрид.
„Притоа, кај него биле пронајдени и одземени нож, пиштол и 104 дијаболи кои нелегално ги поседувал. “- се вели во полициското соопштение.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.