Приведен охриѓанец за напад на неговата мајка
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 28.05.2023 година во 20.00 часот, во СВР Охрид бил пријавен 30 годишен охриѓанец, дека во семејниот дом по претходна расправија физички ја нападнал неговата мајка. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


