На 21.08.2023 во 20.00 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38 годишен охриѓанец кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.