Skip to main content

Свр билтен

Приведен скопјанец баран по централна потерница

Приведен 46-годишен скопјанец баран по централна потерница за доиздржување на казна затвор, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 29.03.2023 година во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор-Скопје”, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Тој е спроведен во казнено-поправната установа на доиздржување на затворската казна – се вели во соопштението на СВР Охрид.