Словенечки државјанин приведен во Охрид поради напад врз својата девојка, одреден му е осумдневен притвор
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

Од СВР Охрид информираат дека на 26 јули, во 06:30 часот, пред казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 28-годишен државјанин на Словенија.
Како што соопштуваат од полицијата, постапено е по претходна пријава дека во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата 21-годишна девојка.
Од Основниот суд во Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.







