Skip to main content

Приведен средношколец кој ограбил ученичка во средно училиште во Охрид

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
 |  инфодеск  | 

На 26.03.2024 полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 19 годишно лице од Охрид, ученик во средно училиште во Охрид.

-Тој се сомничи дека од ученичка во училиштето одзел пари. Парите биле пронајдени кај него и биле вратени на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

извор: МВР ; фото-илустрација