Skip to main content

СВР Охрид

Приведен турски државјанин кој неовластено влегол во резиденцијален објект во Охрид

На лицето му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Rezidencijalen objekt na Ohridsko ezero

На 27.06.2023 година во 12.50 часот во СВР Охрид е приведен К.М.С.(21) државјанин на Република Турција. Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап, информираат од СВР Охрид. На лицето му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка.