Skip to main content

СВР Охрид

Приведен велгоштанец за нарушување на јавен ред и мир

Лицето непристојно се однесувало на улицата „Кленоец” во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 25.02.2024 година, на улицата „Кленоец” во Охрид, приведен е 52 годишно лице од охридското село Велгошти.

„Тој претходно, пред угостителски објект на истата улица, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.