СВР Охрид
Приведен велгоштанец на Железничка кај кого бил пронајден нож
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 02.08.2023 година во 03.40 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е 33 годишен жител од охридското село Велгошти. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


