На 16.05.2023 во 14.25 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 23 годишен жител на охридското село Куратица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.