Skip to main content

МВР

Приведен жител на Лескоец баран за издржување казна затвор

Врз основа на наредба на суд лицето било спроведено во затворот во Струга.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 7-ми јули 2023 година, во 09:30 часот во СВР Охрид е приведен Р.Т. (65) од охридското село Лескоец.

Од МВР информираат дека тој се барал врз основа на наредба од Основниот суд во Охрид за издржување казна затвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната.