Агресивно однесување
Приведен жител на Велгошти
43-годишен жител на охридското село Велгошти e лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.
На 13.07.2022 година во 18.30 часот во СВР Охрид лишен од слобода е Н.М.(43) од охридското село Велгошти.
Тој, на улица „Андреја Јованоски” во Охрид, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


