Skip to main content

СВР Охрид

Приведени 13 албански државјани кои изведувале градежни работи во Охрид без дозвола за работа

По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад”, ќе поднесе соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
gradezni raboti

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад”, приведоа 13 албански државјани.

Тие претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци. Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад”, ќе поднесе соодветна пријава.