На 14.12.2023 во 20.10 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 40 и 33 годишно лице, двајцата од Охрид. Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај 40 годишното лице биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај 33 годишното лице била пронајдена и одземена поголема сума на пари.
„Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.“ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.