Skip to main content

СВР Охрид

Приведени двајца охриѓани кај кои била пронајдена марихуана

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од полицијата.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

На 26.01.2024 година во 02 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, приведено е 28 годишно лице од Охрид кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 25.01.2024 година во 11.40 часот, во близина на спортски објект во Охрид, приведено е 55 годишно лице од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.