Свр билтен
Приведени две лица, пронајдена дрога
Приведени две лица кај кои полицијата пронајде марихуана. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 19.03.2023 година во 15:15 часот, во СВР Охрид приведен е Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебарца. При преглед на возило „Алфа Ромео” што тој го управувал, извршен на улицата „Партизанска” во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.
Истиот ден околу 22 часот, во СВР Охрид приведен А.Д.(24) од Охрид. При преглед на патнички автомобил „Ауди” што тој го управувал, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


