СВР Охрид
Приведени две лица за тепачка пред угостителски објект во Охрид
По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 12.04.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведени се две лица на возраст од 21 и 62 години, двајцата од Охрид.
-Тие, претходно пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


