На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро лишиле од слобода две лица на возраст од 62 и 43год, и двајцата од Охрид, информира МВР.
-Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица, стои во полициското соопштение.
Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.