На 06.05.2022 година во 00:50 часот во СВР Охрид приведени се С.К.(37), Н.Т.(34), двајцата од селото Мешеишта, општина Дебрца и Љ.Н.(41) од охридското село Велгошти.
Тие во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени мерки. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.