Свр охрид
Приведени три лица за нападот врз Х.П.
По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава.
Полициски службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.
По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава – информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


