Централна потерница
Приведено лице во Охрид барано поради бегство од затвор
Во Охрид е приведен 35-годишен жител на Штип кој бил баран по централна потерница поради бегство од затвор.
На 13.03.2023 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.С.(35) од Штип.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.


