Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата „7. Ноември“. Во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.
Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и се постави ново осветлување.