Skip to main content

Привршува реконструкцијата на ул. „7-ми Ноември“

Во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.
 |  инфодеск  | 

Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата „7. Ноември“. Во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.

Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и се постави ново осветлување.