Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште. Се врши санација на платформата и 24-те праисториски куќички распослани врз синото езеро. Станува збор за најпосетениот музејски комплекс на крејбрежjето, единствен од ваков вид на Балканот.
Локалитетот кој ги чува и открива тајните на праисторијата.

-Имаме се што тие луѓе користеле во праисторијата во еден ден. Садови за јадење, пиење, готвење и алати. Значи се што користеле во секојдневието, чуваме дури и некои од оригиналните дрвени столбови на кои стоела населбата, вели Христијан Петровски археолог водич.
Наколната населба е магнет за туристите. Сликовито и детално го претставува животот на племенските заедници во едно далечно време.
–Од Полска, многу ми се допадна, интересно и за мене и моето семејство, вели турист од Полска.
-Едноставно не ја познаваме доволно оваа земја тоа е предизвик, навистина преубаво. Кукичките се прашуваме зошто ги изградиле на вода, сакаме да знаеме повеќе, вели гостинка од Полска.

Музејскиот комплекс е распослан на 20 000 метри квадратни, има наколна населба, затворен музеј, пристаниште, обновен римски каструм и нуркачки центар, со што гостите може да уживаат и во подводна авантура.
-Се работи за артефакти кои полагаат од бронзено и железно време околу три до четири илјади години стари. На дното на езерото буквално кај Заливот на коските покрај малите и средна големина риби има и по некоја змија но сите тие се дел од екосистемот и нема никаква опасност, вели Јован Секулоски нуркач.
Последен пат музејскиот комплекс беше реновиран на почеток на 2017 година,.
Новинар Соња Рилковска