Skip to main content

Општина Дебрца

Привршува изградбата на канализациониот систем во Волино

Согласно одлуките на советот на општината до Министерството за животна средина аплицирани се и проектите- за изградба на канализациона мрежа во село Велмеј,со пречистителна станица во село Грко Поле и за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта.
 |  инфодеск  | 

Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.

Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната канализациона мрежа. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, кои Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.

Со одлука на Владата за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија на општина Дебрца се одобрени вкупно 537.644 евра неповратни / грант средства за изградба канализациона мрежа во село Требеништа,а која ќе започне во првите месеци на 2024 година.