Во завршна фаза се активностите за изведбата на новата водоводна линија во населбата Рача, информираат од локалната самоуправа.
Со овој зафат се обезбедува навремено и квалитетно водоснабдување на жителите и за таа цел поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф90 мм во должина од 386 метри, велат од локалната.