Градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7ми Ноември“ привршуваат. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на активностите.
„Можам да констатирам дека градежните зафати се одвиваат според предвидената динамика.“- вели градоначалникот.
Во моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја.
Во наредниот период предвидено е да започнат активностите за изградба на тротоарските површини.