Skip to main content

Општина Охрид

Привршува реконструкцијата на улицата “Ѓорче Петров”

Вкупната вредност на реконструкцијата која се одвива во должина од 330 метри изнесува 12 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Улица Ѓорче Петров

Завршни активности за реконструкција на улицата “Ѓорче Петров”. Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на коловозната лента. Претходно беше поставена нова атмосферска канализација во вредност од 5 милиони денари, а активности ги изведуваа екипи на ЈП “Нискоградба”. Потоа следуваше поставување на нова водоводна линија и спуштање на телекомуникациите и електричните водови под земја. На крај доаѓа асфалтирањето , партерно уредување на тротоарските површини и поставување на ново осветлување.


Вкупната вредност на реконструкцијата која се одвива во должина од 330 метри изнесува 12 милиони денари, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Со завршувањето на реконструкцијата жителите од овај дел на градот ќе добијат функционална и безбедна сообраќајница согласно сите стандарди.