Skip to main content

ООУ „Григор Прличев“

Прличевци го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври

ООУ „Григор Прличев: Да ги цениме, почитуваме и поддржуваме нашите постари лица – не само денес, туку секој ден!
 |  инфодеск  | 

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ вчера го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври, посетувајќи го Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид каде на постарите лица им однесоа скромни подароци, цртежи, но како што велат во соопштението „и многу насмевки и топлина во срцата“.

-Оваа хумана активност нѐ потсети на значењето на почитта и грижата кон нашите постари сограѓани , како и на трајната вредност на меѓугенерациската солидарност, додаваат од школото и изразуваат благодарност до раководството и вработените во болницата за поддршката и можноста да ја реализираат оваа хумана активност.